Барселона размислува за интересна стратегија за ангажирање на Флоријан Вирц, иако Реал Мадрид е фаворит за потписот на талентираниот германски играч за врска, тврди Мундо Депортиво. Се верува дека ѕвездата на Баер Леверкузен има вербален договор со кралскиот клуб. Идејата е тој да се пресели на Сантијаго Бернабеу во 2025 година, но Барса ќе се обиде да го победи нивниот голем ривал.
Каталонците знаат дека за да ги осигураат услугите на Вирц треба да издвојат минимум 100 милиони евра. Тие се надеваат дека ѕвездената постава на Реал во нападот ќе го натера Германецот да ја избере нивната понуда.
Самиот фудбалер веќе ја сподели својата желба да игра за Барселона, а покрај тоа на Камп Ноу се во многу добри односи со спортскиот директор на Баер, Симон Ролфс.
Минатата сезона, 21-годишниот Вирц забележа 49 настапи во сите натпреварувања за „аспирините“, постигнувајќи 18 гола и 20 асистенции додека неговиот тим осво „дубл“ во Германија.