Барселона има резервна опција во случај на неуспех со трансферот на Левандовски

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Барселона има резервна опција доколку не успее да го привлече напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски ова лето. Не е тајна дека Каталонците сакаат да го донесат Полјакот на Камп Ноу, а иста е желбата и на самиот играч. Проблемот е што газдите на „Алијанц Арена“ засега категорично одбиваат да ја пуштат својата ѕвезда. Застојот во зделката почнува да ги загрижува Шпанците, кои веќе идентификувале резервна опција, а тоа е напаѓачот на Виљареал – Жерар Морено, тврди „Спорт“.

Не е првпат 30-годишниот шпански репрезентативец да се поврзува со Барса. Од „Камп Ноу“ долго време го следат неговиот развој, но сега има големи шанси да дадат конкретна понуда. Морено минатата сезона се мачеше со повреди, но сепак повторно ја покажа својата класа, постигнувајќи 9 гола на 17 натпревари, како и 3 асистенции.

Морено ќе ја чини Барселона приближно исто колку што каталонците би платиле за Левандовски. Виљареал е подготвен да се раздели со него за сума од 40 милиони евра, иако играчот има договор до 2027 година, кој вклучува откупна клаузула вредна 100 милиони евра.

Слични содржини