Барселона испрати понуда за Аспиликуета

од Vladimir Zorba

Барселона понуди конкретна понуда за дефанзивецот на Челси, Цезар Аспиликуета. Не е тајна дека Каталонците сакаат да го земат овој играч во своите редови и веќе стапиле во контакт со газдите на „Стемфорд Бриџ“ нудејќи им да платат 5 милиони евра за услугите на 32-годишниот играч, пренесе „Кадена СЕР“. .

На „Камп Ноу“ се надеваа дека ќе го земат Аспиликуета без пари, но Челси автоматски му го продолжи договорот за уште една година, откако тој забележа повеќе од 30 натпревари оваа сезона. Сепак, тоа не го одврати интересот на Шпанците, кои се помирија со фактот дека сепак ќе треба да платат трансферна сума.

Последните информации од Англија тврдеа дека Челси нема да му попречи на Аспиликуета доколку добие понуда од Барса, што веќе е факт. Самиот фудбалер не крие дека негова желба е да се пресели на „Камп Ноу“. Се очекува во наредните денови лондончани да одговорат дали ја прифаќаат понудата на Каталонците.

Слични содржини