Барселона лута на капитенот: „Ова е неприфатливо!“

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген и Барселона се најдоа во центарот на нов конфликт што ги полни рубриките на шпанските медиуми, а односот што со години беше пример за соработка сега е доведен до работ на раскинување

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Откако минатата сезона имаше само девет настапи поради повреда на тетивата, голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген сега мора да направи уште една пауза – овој пат поради операција на грбот, за која шпанските новинари тврдат дека ја извршил без договор со клубот. Според нив, иако Барселона претходно му предложила да се подложи на операција, Германецот категорично ја одбивал до сега.

Ситуацијата се промени кога самиот ја објави веста на социјалните мрежи.

„Со голема гордост ги носам боите и дресот на Барселона, и на теренот и надвор од него, во моменти на успех и во тешки времиња. Денес е тежок ден за мене на личен план…“, рече Тер Штеген, меѓу другото, нагласувајќи дека лекарите процениле дека овој пат ќе му требаат три месеци закрепнување.

Сомнежи за мотивите за операцијата

Иако досега нема коментар од официјалните кругови на клубот, шпанските медиуми објавуваат дека во Барселона постои незадоволство бидејќи веруваат дека Тер Штеген произволно одлучил за операцијата и нејзиниот тајминг.

Некои новинари дури тврдат дека целата приказна е обид да се спречи Барселона да го користи правилото според кое, ако играчот е надвор од терените најмалку четири месеци, клубот може да регистрира друг играч на негово место. Бидејќи Тер Штеген јасно наведе во своето соопштение дека ќе биде надвор од теренот три месеци, се шпекулира дека намерно ја спречил Барселона да го отстрани од списокот на регистрирани играчи и да донесе можна замена.

Приказната предизвика и бурни реакции во медиумите. Новинарот Хозе Алварез не го криеше својот гнев.

„Она што го направи Тер Штеген е неприфатливо. Лекарите се тие што одредуваат колку време му е потребно на некого да се опорави од повреда. Тој никогаш повеќе не смее да го носи дресот на Барселона“, објави тој на социјалните мрежи.

Слични содржини