Каталонскиот гигант Барселона дефинитивно ја загуби трката за титулата во шпанската Ла Лига, додека сезоната ќе ја заврши в сабота на мечот со Еибар. Според тамошните медиуми, на овој натпревар нема да настапи sвездата на Барса, Лионел Меси.
Веста најпрво се појави во шпанските медиуми, а потоа и официјално беше потврдена на Твитер профилот на Барса.
Тренерот Роналд Куман и даде порано одмор на најголемата sвезда, бидејќи заостанува седум бода зад лидерот на табелата, Атлетико.
Да потсетиме, договорот на Меси истекува ова лето, така што се очекува разговорите за можно продолжување на соработката да продолжат со претседателот Жоан Лапорта.
Останува да се види дали Аргентинецот ќе остане во каталонскиот гигант, бидејќи во последно време се шпекулира за заминување во Пари Сен Жермен или Манчестер Сити.
Саботниот дуел од Ла Лига со Еибар ќе започне во 18 часот.