Фудбалскиот клуб Реал Мадрид сака да ги искористи одложувањата во преговорите меѓу ПСЖ и Килијан Мбапе околу новиот договор.
Договорот на сјајното француско крило во моментов истекува во 2022 година, а очигледно новиот нема да го потпише до крајот на оваа година.
Според тамошните медиуми, Мбапе ќе го почека дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите со Барселона, кој е на програмата во февруари.
Реал Мадрид се потпира на лутите каталонски ривали во овој случај, бидејќи евентуалното елиминирање на „светците“ од елитното натпреварување дефинитивно би го турнало Мбапе кон „кралскиот“ клуб и Зинедин Зидан, со кој Килијан би бил многу среќен да соработува.
Неговата вредност се проценува на околу 180.000.000 евра, сепак, цената би паднала значително ако не го продолжи договорот со Парижаните.
Мбапе оваа сезона одигра 15 натпревари за ПСЖ, постигна 12 гола и забележа осум асистенции.