Барселона најде начин да ја подобри финансиската состојба

од Vladimir Zorba
300 прегледи

Членовите на Барселона го поддржаа предлогот на управата на клубот да продаде дел од маркетиншките и дел од идните телевизиски права.

Претседателот Жоан Лапорта рече дека продажбата ќе донесе меѓу 500 и 700 милиони евра. Целта е да се стабилизира финансиската состојба на клубот и да има пари за летната селекција.

Каталонците одлучија да понудат на продажба 49,9 отсто од делот од клубот, кој се занимава со лиценцирање и продажба, како и 25 отсто од телевизиските права во следните 25 години.

„Барса е Формула 1 болид без гориво и мотор. Мораме да го направиме ова бидејќи со години сме во загуба. Наследивме многу тешка ситуација“, изјави Лапорта пред гласањето.

Слични содржини