Напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик-Обамејанг наскоро би можел да стане нов играч на Барселона, пренесе „Скај Спорт“. Според истиот извор, Каталонците би можеле да го испратат Бразилецот, Филипе Кутињо, во Лондон за овој трансфер.
Меси замина, а позицијата централен напаѓач во Барселона остана испразнета. Местото беше планирано за Серхио Агуеро, но повредата го отстрани од терените подолг временски период.
Од другите напаѓачи во Барселона, Антоан Гризман очигледно ја загуби довербата од сите челници на овој клуб, Мемфис Депај повеќе играше на левото крило во текот на неговата кариера, додека Мартин Брајтвајт неоправдано беше занемарен и карактеризиран како вишок, иако тој постигна два гола во победата против Реал Сосиедад.
„Скај Спорт Италија“ ја пренесе веста дека Каталонците го сакаат Тами Абрахам од Челси, сепак, овој англиски напаѓач отиде во Рома во трансфер вреден 40 милиони евра, па Барселона мораше да ја продолжи потрагата.
Шпанците не „отидоа далеку“, бидејќи најдоа нов играч во Лондон, а тоа е напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик-Обамејанг.
Она што дополнително го поттикна овој потенцијален трансфер е фактот дека Обамејанг во последен момент беше изоставен од тимот за натпреварот од првото коло во Премиер лигата меѓу Брентфорд и Арсенал, иако беше објавено дека тој ќе биде стартер.
Според „Скај Спорт“, Арсенал е заинтересиран да го доведе Филипе Кутињо во своите редови, а тоа би можело да биде дополнително олеснување во овој трансфер.
Остануваат уште две недели до крајот на преодниот рок, и според сите претпоставки, не очекува вистинска „трансфер лудница“.