Барселона повторно се вратила кон варијантата за привлекување на напаѓачот на Атлетико
(Мадрид), Антоан Гризман, тврди авторитениот „L’Equipe“. За реализација на целта може да помогне
елиминацијата на Атлетико од Лигата на шампиони.

Во договорот на Французинот со актуелниот клуб е наведена откупна клаузула во износ од 200
милиони евра. До јуни 2019 година, сепак напаѓачот може да биде откупен за 120 милиони евра.
Гризман сакаше да остане долго во Атлетико и потпиша нов договор со клубот пред Светското
првенство во 2018 година, но сега размислува за напуштање, бидејќи тимот рано отпадна од
најважното клупско натпреварување во Европа.
Ова, како што е познато, се случи по поразот со 2:3 во два натпревари против Јувентус во
осминафиналето.