Барселона повторно во финансиска криза, би можела да остане без важен играч во вториот дел од сезоната

од Nikola Popovski
24 прегледи

Барселона игра извонреден фудбал оваа сезона и повторно стана моќна сила. Иако се е одлично на теренот, сепак не е сè розево за каталонскиот гигант.

Финансиската состојба на Барселона и понатаму е тема која се врти низ шпанските медиуми. Додека има и такви кои тврдат дека клубот оди кон стабилизација, други наведуваат дека ќе биде потребна поголема сума за да функционираат работите како што сакаат во остатокот од сезоната. Тука во приказната влегува Дани Олмо.

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб во летниот преоден рок пристигна во Барселона од Лајпциг во трансфер вреден 55 милиони евра, кој зголемен за бонуси ќе ја надмине границата од 60 милиони. Поради правилата за регистрација на играчи, Барселона би можела да искористи 80 отсто од издвоената сума за платите на повредените Роналд Араухо и Андреас Кристенсен за да ги регистрира Олмо и Пау Виктор. Сепак, бидејќи двајцата се очекува да се опорават, Барселона мора да собере пари за да им дозволи на Олмо и Виктор да го одиграат вториот дел од сезоната.

Шпанските медиуми пренесуваат дека ќе бидат потребни 50 милиони евра за продолжување на регистрацијата со важност до 31 декември. Договорот со Најк би требало да помогне доколку се имплементира наскоро. Според нивните зборови, Барселона за продолжување на договорот ќе добие бонус од 100 милиони евра, а до 2038 година во просек по 125 милиони евра годишно.

Да потсетиме дека Олмо го пропушти почетокот на сезоната за Барселона бидејќи не можеа да го регистрираат пред да продадат дел од играчите за да го задоволат финансискиот фер-плеј.

Слични содржини