Барселона пред сензационален трансфер

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Барселона би можела да направи изненадувачки потег со ангажирање на играч од Хал Сити, кој се мачи во втората лига на Англија.

Според Relevo, Каталонците се насочиле кон поранешниот талент на Академијата на Астон Вила, Нелсон Филоџини, кој треба да го замени Рафиња при негова евентуална продажба.

Гигантите имаат финансиски потешкотии, бидејќи првично сакаа да го ангажираат Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, но тој ќе испадне прилично скап. Затоа клубот се сврте кон планот Б.

Филоџини (22) имаше многу добра минатата сезона за Тигрите, постигнувајќи 12 гола и 6 асистенции. Идејата на Барса е тој првично да дојде на позајмица и на крајот да биде купен.

Фудбалерот го привлече вниманието на европските гиганти пред неколку години и пред да го потпише својот прв професионален договор во 2019 година. Тој е младински интернационалец на Англија до 21 година, а во февруари против Ротерам постигна извонреден гол со т.н. „Рабона“.

Слични содржини