Барселона се договорила со Флик

од Nikola Popovski
329 прегледи

Барселона е во потрага по нов тренер откако Чави Ернандез објави дека го напушта клубот по крајот на сезоната.

Каталонците немаат пари да платат обештетување, па ќе се обратат до тренери кои се слободни.

Желба на Барселона беше португалскиот стручњак Рубен Аморим, актуелен тренер на Спортинг. Сепак, откако ќе биде јасно дека треба да платат отштета за него, ќе се свртат кон бесплатно решение, па многу веројатно кормилото ќе го преземе поранешниот тренер на Баерн Минхен, Ханс Флик.

Информациите велат дека се е договорено до тој степен што Флик почнал да учи и шпански, за следната сезона да се пресели во Каталонија, пишува „Sport“.

Спортинг бара 30 милиони евра за Амор, пари кои Барселона не може или не сака да си ги дозволи во моментов, па германскиот стручњак засега е идеалното решение.

Флик е без работа откако во септември минатата година неочекувано беше разрешен од кормилото на германската репрезентација.

Слични содржини