Барселона изненадувачки ќе го прекине партнерството со својот дефанзивец Иниго Мартинез. 34-годишниот стопер ќе се пресели во тимот на Кристијано Роналдо, Ал Наср, што сега изгледа сигурно.
Саудискиот клуб е пред раскинување на соработката со уште еден шпански дефанзивец, Ајмерик Лапорт, а сега е очигледно дека Мартинез ќе претставува негова замена. Се очекува Инџиго да го раскине договорот со Барселона и да потпише како слободен агент со Ал Наср до јуни 2026 година, со опција за продолжување за уште една година.
Мартинез беше редовен во изборот на Ханси Флик минатата сезона, запишувајќи вкупно 46 натпревари со 3 гола и 6 асистенции, и беше еден од најпостојаните играчи во одбраната. Баскиецот се пресели во Барса во 2023 година и постепено се етаблираше, придонесувајќи значително за двојната круна минатата сезона.
Заминувањето на Мартинез, кој во принцип има договор за уште една година, ќе ослободи значителен дел од буџетот за плати на Барселона и ќе му даде на клубот повеќе простор за маневрирање на трансфер пазарот. „Мундо Депортиво“ наведува сума од 14 милиони евра што клубот ќе ја заштеди. Во овој момент не изгледа дека Барса ќе добие каква било отштета за него. Сè уште не е јасно дали ќе биде доведен играч на негово место.