1,9K
Наскоро ќе се случи сериозен пресврт околу капитенот на Барселона, Серхи Роберто. Се очекуваше 32-годишниот халф да потпише нов договор со клубот, но по разделбата со Чави Ернандез и назначувањето на Ханс-Дитер Флик за тренер, ситуацијата се промени.
Роберто во моментов е блиску до заминување од „Камп Ноу“, бидејќи клубот веројатно нема да ја искористи опцијата да му го продолжи договорот за една сезона. Сегашниот истекува на крајот на месецот и тој станува слободен играч.
Претставниците на фудбалерот дури веќе бараат потенцијален нов клуб за нивниот клиент.
Серхи Роберто е дете на Барселона, а досега играше само за Каталонците. За првиот тим на шпанскиот гигант има 373 настапи, постигна 19 гола и 43 асистенции.