Барселона вечерва би можела да изведе почетен состав каков што немало во 125-годишното постоење на клубот

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Барселона вечерва ќе го пречека Виљареал во 37-то коло од шпанската Ла Лига. Ова ќе биде можност за играчите на Барселона да им се претстават на своите навивачи како шампиони на Шпанија, со оглед на тоа што титулата ја освоија во последното коло со победа на гости против Еспањол.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, пред денешниот натпревар изјави дека ќе има ротација во составот, а исто така ја најави и можноста за состав кој би можел да испише историја за клубот.

Флик рече дека размислува да започне утре со сите играчи кои поминале низ Ла Масија, легендарната младинска академија на Барселона.

„Разговаравме за потенцијален состав со сите 11 играчи од Ла Масија. Постои шанса тоа да се случи“, рече Флик.

Доколку Флик навистина го стори ова, тоа ќе биде прв пат во 125-годишната историја на Барселона сите единаесет стартери на официјален натпревар да бидат производи на нивната фудбалска академија.

Составот на Барселона кој би можел да излезе на терен вечерва треба да изгледа вака: Ињаки Пења, Хектор Форт, Пау Кубарси, Ерик Гарсија, Давид Одуро, Марк Касадо, Гави, Фермин Лопез, Тони Фернандез, Ансу Фати, Ламине Јамал.

Слични содржини