Бартомеу: Барса ќе се понижи ако го врати Нејмар

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу се изрази против евентуално враќање на Нејмар во тимот, кој минатото лето се пресели во француски ПСЖ за преголема сума од 222 милиони евра, соопшти радио „Копе“.

Неговото мислење е поддржано и од потпретседателот на клубот, Жорди Местре. Самиот Нејмар не се чувствува удобно во ПСЖ, има проблеми со Единсон Кавани, бара од тренерот да не го става Килијан Мбапе како стартер и дефинитивно неговата иднина во француската престолнина не изгледа долгорочна.

Според некои медиуми, Нејмар му наредил на таткото да бара опции за негово враќање во главниот град на Каталонија, откако е подготвен да си ја намали многу неговата плата.

За разлика од шефовите, фудбалерите на чело со Лионел Меси, Иван Ракитиќ и Филипе Кутињо рекоа дека сакаат Бразилецот да се врати.

„Не сметам дека е добро да го враќаме. За нас би било уште едно понижување по целата сага, која требаше да ја преживееме минатото лето. Сепак Барселона има своето достоинство и треба да го чува“, изјави Бартомеу неколку часа пред вториот состанок со Челзи во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Слични содржини