Бартомеу: Го договоривме Мбапе, но тренерите го избраа Дембеле

од Vladimir Zorba
314 прегледи

ЖОСЕП МАРИЈА БАРТОМЕУ беше еден од гостите во емисијата Las vacas sagradas на каналот Еспорт3, а за време на гостувањето го коментираше периодот на неговата кариера како претседател на Барселона.

Многу зборуваше за трансфери, а ги откри најинтересните детали кога станува збор за Килијан Мбапе и Усман Дембеле.

„Се договоривме да дојде Мбапе, но тренерите го избраа Дембеле бидејќи сакаа играч кој сам може да создаде игра“, рече Бартомеу во еден момент, а подоцна додаде:

„Некои играчи не беа задоволни, а беа многу платени. Вакви работи се случуваат во фудбалот. Кога ги донесовме Кутињо и Дембеле, сите ни ракоплескаа и не фалеа. Кутињо беше Иниеста во Премиер лигата, најдобриот играч во лигата, а Дембеле дојде затоа што останавме без Нејмар. Секогаш има 50% шанси да погрешите“.

Слични содржини