Баста: Да се воведе посебна валута во членките на Отворен Балкан како подготовка за членство во ЕУ

од Vladimir Zorba

Претседателот на движењето „Европски пат“, Раде Баста, денеска оцени дека воведувањето специјална валута за членовите на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе овозможи поцврста економска врска меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија за да се направи регионот, според неговите зборови, подготвен во полн капацитет за членство во ЕУ.

Баста во писмената изјава оцени дека е потребна поддршка од Европската Унија за во иднина Отворениот Балкан да стане дел од единствениот пазар на ЕУ.

„Ова може да се направи преку воведување посебна валута за земјите од Отворениот Балкан со цел да се зближат земјите уште повеќе и оваа валута да биде од корист за нашите заеднички цели, а тоа е полноправно членство во ЕУ“, изјавија од претседател на движењето Европски пат.

Тој оцени дека иницијативата Отворен Балкан треба да се прошири и „на другите соседни и околни земји“, бидејќи, според неговите зборови, само силна економска заедница е компетентна на европскиот и светскиот пазар.

„Регионот на Западен Балкан несомнено е препознаен од светските инвеститори како посакуван пазар и затоа е неопходно оваа иницијатива да се прошири, освен Србија, Албанија и Северна Македонија“, рече понатаму Баста.

Слични содржини