Мајами Хит (17-15) доживеа пораз со двоцифрена разлика од аутсајдери на домашен терен, овојпат од Индијана Пејсерс (17-18) – 115:128.
По натпреварот, Џими Батлер изјави дека треба повторно да најде задоволство на кошаркарскиот терен, а на новинарско прашање дали може да го постигне тоа во Мајами, ѕвездата одговори: „Веројатно не.
Потоа 35-годишникот објасни од каде доаѓа незадоволството.
„Што сакам да се случи? Да видам како ми се враќа задоволството од играњето кошарка, каде и да е тоа, и ќе дознаеме овде многу брзо. Среќен сум овде надвор од теренот, но сакам некаде повторно да доминирам. Сакам да играм и да му помогнам на тимот да победи, а тоа не го правам сега“, изјави Батлер за скромните индивидуални игри.
Последниот забележителен настап на Батлер беше во средината на декември во Детроит, кога забележа трипл-дабл: 35 поени, 19 скока и 10 асистенции.
Оттогаш на три натпревари не успеа да забележи двоцифрени, а против Оклахома Сити не забележа ниту еден поен.