Напаѓачот на Челзи, Мичи Батшуаи навести дека сака да остане во Борусија Дортмунд за постојано. Како што е познато, тој игра како позајмен до крајот на сезоната.
„Не ме прашувајте за мојата иднина. Имав тежок период во Челзи и е убаво, дека сега повторно сум на вистинскиот пат. Бев многу добро примен во Дортмунд од целиот клуб. Од соиграчите, од раководителите, од фановите“, изјави Белгиецот, цитиран од „Скај Спортс“.
„Веднаш почувствував голема љубов, а секој фудбалер е многу подобар кога чувствува доверба во себе и игра со доверба. Тоа е вистинскиот Мичи, но јас сакам уште и уште“.
„Не очекував да ја пронајдам својата ефикасна форма толку брзо. Навивачите се неверојатни и стадионот на Борусија е убав. Навистина не очекував да се вклопам толку брзо“.
„Усаин Болт? Само да не ми го земе местото во тимот. Гледав снимки и тој не изгледа лошо. Гол и асистенција. Да смени спорт на таков начин, може да го стори само голем шампион. Се надевам дека ќе биде во Борусија и кога ќе се вратам од кампот од националниот тим“, додаде Батшуаи.