Баумгартнер неутешен: Очигледно не требаше да одиме понатаму

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Играчот за врска на австриската репрезентација, Кристоф Баумгартнер беше многу разочаран по поразот од Турција (1:2) во осминафиналето на ЕП 2024.

„Ова е еден од најтажните денови во мојот живот. Многу ми е тешко да ги најдам вистинските зборови. Сакавме да победиме и дадовме се од себе. Сепак, ова се покажа како недоволно. За нас турнирот заврши многу несреќно“, прокоментира Баумгартнер.

„Нашиот притисок беше природен. Повторно „паднавме“ по удар од аголот. Ни недостигаше и малку среќа. Се боревме затоа што ова е нашиот карактер: никогаш да не се предаваме“, продолжи играчот од средниот ред.

„На крајот имавме неколку можности за израмнување. Се отвори шанса и за мене, но очигледно не требаше да одиме понатаму“, додаде Баумгартнер.

Слични содржини