Бауш: Лажните информации ќе генерираат вештачка потреба на девизи на пазарот

од Берта Китинска
464 прегледи

Централната банка во нашиот случај Народната Банка на Македонија има за цел да ја одбрани вредноста на домашната парична единица, а тоа се прави преку девизни интервенции или интервенции на пазарот на девизи. Во зависност од тоа дали ваквите интервенции влијаат врз монетарната база и понудата на домашни пари, а оттаму и врз девизниот курс. Што значи во нашата држава имаме фиксен девизен курс за кој нема потрба да се крева паника дека ќе има девалвација на денарот или пак недостаток на странска валута во нашиот случај евра или долар, вели во разговор за „Локлано“, професорот и економски аналитичар Абил Бауш.

Според него наседнувањето на лажните информации може да доведе до генерирање на вештачки потреби на девизи со кои ќе мора Народната Банка да се занимава.

-Навалата за девизи ќе ја споредам со случајот со паничното однесување на потрошувачите во маркетите и снабдувањето со елементарни производи. Иако, се уште не гледам дека има некоја поголема паника или навала врз девизите. Ако продолжат граѓаните да наседнуваат на лажни информации ќе генерираат вештачки потреба на девизи на пазарот со кои ќе мора Народната Банка да се занимава, смета тој.

Професорот напоменува дека Народната Банка е една од најстабилните и една од најдоверливите институции во земјата, појаснувјаќи дека таа знае како добро да ја менаџира монетарна политика во нашата држава.

-Е сега, од друга страна колку Владата и владините институции со мерките кои ги превземаат за време на пандемијата па и сега е тоа може да се дебатира и да биде предмет на недоверба кај граѓаните, подвлекува аналитичарот.

На прашањето дали ситуацијата во Украина може на некој начин да влијае врз домашната валута Бауш, вели дека нема да има обезвреднување на денарот поради тоа што, Народната Банка умешно ја води монетарна политика докажувајќи го тоа не само со пандемијата и војната меѓу Русија-Украина туку и порано кога имавме и посериозни финансиски кризи.

-Колку за потсетување може да ја споменам финансиската криза 2008 година која се прелеа секаде и тоа го имавме и во Грција. Мене не ме загрижува монетарната политика кој ја води Народната Банка мене ме загрижува како Владата и нејзините институции немаат некоја долгорочна политика на водење на макроекономски политики која во овие ситуации би покажала визија за иднината, посочува професорот.

Според него најголемиот проблем со кој се соочуваме како држава е тоа што немаме некоја долгорочна стратегија со која би ни се овозможило одредени компаративни предности.

-Ете ние не знаме кој предности ги имаме како држава или каде би инвестирале во иднина. Таа стратегија би била интегрирана како целина во нашето општество. Замислете кого би инвестирале во поквалитетно образование денес би имале подобро здравство, би имале повеќе иноватори и технолози би имале квалитетна работна сила итн. Кога би инвестирале во енергенси денес не би имале проблеми со електричната енергија, знаејќи дека ние произведуваме 40%-45% од севкупната енергија и другото го извезуваме значи треба да се инвестира во обновлива енергија. Ако инвестираме во инфраструктура денес би имале подобар доток на стоки и услуга и луѓе од Бугарија, Албанија и Косово би и користеле нивните инфраструктурни капацитети за да не дојдете во некој положба да бидете парализирани од другите држави. Земјоделието кај нас е се уште во некој примордијална фаза, ќе треба да се интегрира со новите технички технолошки достигнување во земјоделието, објаснува тој додавајќи дека ќе треба сериозно да се размисли за тоа како да се зајакнат државните капацитети за долгорочно да може во иднина овие економски кризи поблаго да ги почувствуваме.

Бауш смета дека во оваа ситуација позитивно е што има мерки, а за тоа како ќе се користат и дали ќе го имаат посакуваниот ефект ќе видиме.

-Значи ако преземете мерки наместо активни во одредени краткорочни периоди ќе имате делумни резултати. Ете ако купувавте електрична енергија со пониска пазарна вредност пред 9 месеци, кога ние сите укажувавме на тоа, денес ќе имавте поблага варијанта на кризата со електричната енергија. Значи Владата за да го сочува социјалниот мир ги презема овие мерки, но дали само тоа е потребно? Не. Дури мислам дека овие мерки ќе треба подобро да им ги објаснат на граѓаните и деловните субјекти како да ги користат зошто се појавува и заблуда, како што беше примерот со маржата за производите, вели тој.

Слични содржини