Баздникин: Добиваме стотици повици од македонски граѓани кои ни изразуваат поддршка

од Nikola Popovski
292 прегледи

Рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин вечерва информираше дека против Русија се води вистинска информативна војна и терор.

-Се води дискриминација и дискреција на руската војска и лидерите. Се шират лажни вести за војниците. Руската страна не гранатира станбени објекти. Ги осудуваме вакви вести. Добиваме над стотина повици во Амбасадата како поддршка на македонските граѓаните и им сме благодарни за тоа. Русија никогаш не била автор на лажни вести, рече Баздникин во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Според него, листата на непријателски земји на Русија е реакција на постапката на другите земји кон неа.

-Досега врз Русија се спроведени 5530 рестриктивни мерки и за жал во нив се вклучи и македонската влада. Испраќањето оружје за Украина од ваша страна го карактеризираме како неоправдани ризици за безбедноста на руските војници. Медицинската опрема е друга приказна, но ние поаѓаме од владиното соопштение, рече рускиот амбасадор.

Тој додаде дека иако барал средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на информации за, како што вели, руската операција во Украина, до седми март немал никаков контакт.

-Имаме дипломатски односи и поаѓаме дека треба да зачестат контактите. Подготвен сум да се сретнам со челниците на земјата во секое време и да објаснам за се околу ситуацијата во Украина, потенцира Баздникин.

Слични содржини