Бајден тврди дека е подготвен да разговара со Путин за ставање крај на војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
96 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден изјави дека е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, но дека рускиот лидер не покажал волја за тоа, пренесе Anadolu Agency.

„Постои еден начин да се стави крај на оваа војна, рационален начин, Путин да се повлече од Украина. Тој очигледно нема да го направи тоа. Плаќа многу висока цена што не го стори тоа, нанесувајќи неверојатен, неверојатен масакр врз цивилното население во Украина“, рече Бајден по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа.

Нагласувајќи дека нема итни планови да разговара со својот руски колега, Бајден рече дека со задоволство би разговарал доколку Путин одлучи дека е заинтересиран за прекин на конфликтот.

„Тој сè уште не го направил тоа. Во меѓувреме, мислам дека она што го кажа Емануел е апсолутно критично, мораме да го поддржиме украинскиот народ. Идејата дека Путин некогаш ќе ја победи Украина не доаѓа предвид“, додаде Бајден.

Слични содржини