Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека односите меѓу Вашингтон и Пекинг не биле ослабени со американското соборување на кинескиот балон.
Говорејќи пред новинарите пред Белата куќа, Бајден рече дека веднаш почувствувал дека балонот треба да се собори штом тоа е соодветно.
Запрашан дали инцидентот ги ослаби односите меѓу Вашингтон и Пекинг, Бајден одговори не, велејќи дека тие јасно ѝ кажале на Кина што ќе направат.
– Ја разбираат нашата позиција, нема да се откажеме, рече Бајден.
Тој тврди дека постапиле правилно и дека не станува збор за слабеење или зајакнување, туку за реалност.
Леталото, за кое Вашингтон рече дека е шпионски балон, леташе над Северна Америка неколку дена, поради што САД ја откажаа планираната посета на Пекинг од страна на државниот секретар Антони Блинкен.
Кинеското министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека одлуката на Америка да го собори балонот сериозно влијаела и ги оштетила односите меѓу двете земји, тврдејќи дека леталото скршнало од својот курс.