БДП зголемен за 2,2 отсто во 2022 година во однос на минатата, објави ДЗС

од Nikola Popovski
231 прегледи

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори, бруто-домашниот производ во 2022 година изнесува 803 141 милион денари и во однос на 2021 година е номинално зголемен за 10.1 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2022, во однос на 2021 година, изнесува 2.2 %.

Најголемо учество на додадената вредност со 19.2 % во структурата на БДП во 2022 година имаат секторите: (Е, Ж и З). Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

-Финалната потрошувачка во 2022 година во структурата на БДП учествува со 84.9 %. Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2022 година изнесува 74.0 %. Вредноста на инвестициите во основни средства во 2022 година изнесува 188 980 милиони денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 56.8 %, машините и опремата со 33.1 %, а останатите инвестиции со 10.0 %, истакнуваат од ДЗС.

Слични содржини