Бебе старо 20 дена е најмладиот ковид пациент во болницата во Козле

од Берта Китинска
311 прегледи

Денеска имаме хоспитализирано 20 деца, некои помали некои поголеми, воопшто, возрасните групи од почетокот на четвртиот бран се од 0-2 години и од 9-15 години.Новороденче старо само 20 дена е најмалиот пациент што се лекува на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле. Бебето се заразило од мајка му, како и многу од другите деца, вели директорот на оваа болница, Бесник Зеќири во изјава за тв 21.

„ Од 20, 5 деца се на кислородна поддршка, зависно за каква претходна болест станува збор, тие деца кои имаат коморбидитети или хронични болести од претходно, особено со белодробни заболувања, кај тие деца се развива потешка клиничка слика и имаат потреба од кислородна поддршка при престојот во болница“, вели тој.

Слични содржини