„Бебето“ го загуби спорот со Нирвана

од Nikola Popovski
270 прегледи

Американскиот бенд „Нирвана“ го доби судскиот спор против граѓанин кој беше прикажан како голо четиримесечно бебе на насловната страница на нивниот албум „Nevermind“ од 1991 година и кој поднесе тужба за детска порнографија, објави Ројтерс.

Во одлуката донесена завчера, американскиот окружен судија во Лос Анџелес истакна дека Спенсер Елден предолго чекал да ја обвини „Нирвана“ за сексуална експлоатација, бидејќи поминале 10 години откако дознал за насловната страница.

Обвинети беа членовите на „Нирвана“ Дејв Грол и Крис Новоселиќ, вдовицата на поранешниот пејач Курт Кобејн, Кортни Лав, неколку издавачки куќи и фотографот Кирк Ведл.

„Нирвана“ користеше насловна фотографија што Ведл ја направи во 1991 година во Акватик центарот во Пасадена, Калифорнија, на која се гледа како Елден плива гол кон банкнотата закачена за јадица.

Продадени се повеќе од 30 милиони примероци од албумот „Nevermind“.

Слични содржини