Детето не е мртвородено, туку живеело десет минути и имало развиено органи за живот, заклучиле обдуцентите од судска медицина. Тоа умрело како последица на недостатокот на кислородот додека било во утробата на мајката и влез на јаглерод диоксид во белите дробови на бебето. Обвинителството за да ги расчисти сомнежите дали детето е мртвородено како што пишува во болничката отпусна листа, наредило овој сегмент посебно да биде испитан. и многу несогласувања, објави ТВ Телма.

Она што обвинителството посебно ќе го истражува е и дали е направен сериозен пропуст во заведувањето на податоците за детето. Во документите од болницата е запишано дека детето е тешко два килограми и 750 грама, а долго 49 сантиметри. Но судка медицина констатира 400 грама повеќе и два сантиметри поголема должина. Првично крвната група на мајката и детето се поклопуваат односно се нулта, но сепак обвинителството размислува да се направи и днк анализа.
Смртта на Маја Кадиева настала поради комплетен прекин на доводот на кислород и задушување, пишува во наодот на судска медицина. Во него детално стои дека јазикот и хранопроводот на родилката се механички повредени.
Истрагата е при крај и сите докази според извори од обвинителството водат кон четворица вработени во болницата против кои најверојатно ќе има обвинение.
Повеќе од Телма ТВ на овој линк