Бебето родено со 900 грама по два месеци заминува од ГАК

од Nikola Popovski
289 прегледи

Клиниката за гинекологија и акушерство објави дека мало бебе кое било родено со само 900 грама, по 66 дневна битка си заминало дома.

Малите бебиња се големи победници, потенцираат од ГАК

-Семејството Зендели си замина дома со најубавиот подарок. Принцот роден 900 грама си замина домче со цели 2080 грама по 66 дневна битка. Ордени животни за овие дечиња, за овие родители, за целиот персонал. Принцу мал и тебе ти посакуваме силно здравје, весели детски дни и остварени животни сни. ОИНТ вие сте чудо…вие правите да веруваме во чуда, а овие бебиња тоа го потврдуваат, стои во објавата на ГАК.

Слични содржини