Сомнителниот случај со бебето родено со мала глава нема денга вирус, а за десетина дена се очекуваат резултатите за Зика вирусот. Тоа го потврди денес потврдува министерот за здравство Никола Тодоров.

Претходно директорката на детската клиника Аспазија Софијанова изјави дека сите други испитувања за присуство на вируси се направени и останаа само овие два, а детето има видливи аномали во делот на черепот и е со мала глава.