Професорот и академик Абдулменаф Беџети смета дека не е изненадување намалениот број на популација која живее тука, согласно спроведениот попис.
-Лично јас очекував дека нема да стигнеме ни до толку. Прилично ние знаевме колку луѓе живеат, што се резиденти, вели Беџети во емисијата „Трилинг“.
Според него, на крајот на краиштата, барем сега ќе бидеме сигурни во однос на планирање на сите активности во образованието, социјалната структура, во здравството, културата итн.
-Затоа што ние имаме училишта кои функционираат со училници со по 3-4 ученици, а се бараат да се градат нови капацитети кои што можеби не се потребни, смета Беџети.
Како што информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, се попишале вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови, за разлика од минатиот попис кога имаше 2.022.547 лица.