177
Блерим Беџети, градоначалник на Сарај и дел од „огнената група“ која бара смена на министрите на ДИУ на чело со првиот вицепремиер Артан Груби и реформа на партијата, на Фејсбук објави фотографија со лидерот Али Ахмети.
Под фотографијата Беџети напиша: Заедно со мојот претседател и пријател Али Ахмети и цврсто во мојот став против извршната власт.
„Огнената група“ пред неколку дена преку писмо побара смена на сите министри од ДУИ во Владата на премиерот Димитар Ковачевски, реформи во партијата дооформување на партиските орган, избор на ново партиско раководство и дебата воДУИ за сите битни прашања.