Беџети за „Монструм“: Имав средба со семејствата на обвинетите тие ме убедуваа дека нивните блиски се невини

од Берта Китинска
477 прегледи

Во Кривичниот суд Скоје денеска продожува судењето за предметот „Монструм“.

Прв кој сведочи на денешното рочиште е поранешниот министер за правда и актуелен градоначалник на Општина Сарај, Блерим Беџети.Беџети најпрво одговараше на прашања од судијата Огнен Ставрев, истакнувајќи дека не се сеќава кој го известил за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро.„Веројатно ме известија моите сопартијци. Бев во Турција, не бев во Македонија, рече Беџети.

Во врска со разговорите кој Беџети ги водел со други политичари поврзани со убиството тој потенцираше дека доколку се земе во предвид неговите изјави, тој уште во времето апелирал дека треба да бидат разгледани сите факти.

„Уште кога бев министер во времето кога се случи овој трагичен настан, велев дека судството е ставено на тест и предизвик и тогаш сум апелирал да ги разгледа фактите. Беше направена поделба по овој сензитивен настан, а судот придонесе да се зголеми недовербата кон судството, државата. Нашите разговори тогаш биле во таа насока и нормално е дека тогаш имавме политичка одговорност, а не кривична одговорност“ рече Беџети.

Тој истакна дека во тој временски период имало разговори и контакти поврзани со овој астан.„Не можам точно да се сетам што конкретно сум зборувал пред неколку години. Ги следевме протестите, сум направил средба со семејствата на обвинетите кои од мене само побараа правдата да функционира во судот. Ме убедуваа дека нивните блиски се невини. Остваривме срдба во трговскиот центар “Мавровка”, рече Беџети.

Беџети истакна дека немал срдба со семејствата на убиените бидејќи тие не го побарале тоа од него.

Одговарајќи на прашањето од обвинителот Гаврил Бубевски дали за овој случај имало постапка за екстрадиција, Беџети истакна дека имало постапка.

„Ги презедов сите дејствија кои ми биле надлежност и сум ги проследил документите кои ни биле доставени. Убедувањата треба да бидат двострани, а не еднострани, бидејќи процесот беше многу сензитивен, имаше притисок од медиумите, за мене непотребен. Јас не подлегнувам под притисоци и знам дека сум постапил според законските рокови“, рече Беџети.

Oбвинителот го потесети на разговорт во кој се слуша  дека барал одложување на првото рочиште за “Монструм”, бидејќи било закажано пет дена пред изборите.
„Дококу слушате само еден разговор, ќе добиеме различни впечатоци. Ако го имате целиот контекст, ќе добиете друга слика. Ние и ден денес бараме расчистување  на случајот. Не е само заради изборите. Имаше медиумски притисок  кој не беше коректен, рече Беџети.
Обвинителот го потсети дека со Муса Џафери разговарале за сега обвинетиот Хаки Азири.

„Немавме информација каде е. Беа загрижени за Азири, а за кој немаше информација ниту негововото семејство, ниту јавноста, каде се наоѓа.Беџети одговори и дека не се сеќава дали освен писмениот контак, имал и друг вид на комуникација со косовските власти.

И.Р
Фото: Борче Поповски

Слични содржини