Академикот Абдулменаф Беџети смета целата бугарска власт и јавност ги чека изборите во земјата во април, по што ќе се мисли на преговорите со С. Македонија.
„Бугарскиот премиер го потврди тоа. Тој кажа дека се надевам дека идната година ќе се реши проблемот. Разликата е во тоа што во април ги има изборите. И ние би се однесувале слично ако имаме таква политичка агенда пред нас. Проблеми постојат, но тие не се ненадминливи. Мислите дека македонскиот идентитет го утврдуваат Бугарите? Ние сами го утврдуваме идентитетот. Ако вие се чувствувате како што се чувствувате, ако имате регистриран кодифициран јазик, каде што треба во центарот на светот во ООН, тогаш што ако еден Каракачанов излегува со такви изјави и провоцира. Зошто да паѓаме на неговите провокации“, изјави тој за емисијата „Трилинг“