Беџети демантира дека поседувал аудио од планот за враќањето на Груевски

од Nikola Popovski
86 прегледи

„Ниту некогаш до мене од страна на некој свиркач или вработен во кабинетот на претседателот на државата е доставен било каков аудио или видео запис ниту пак сум добил некаква информација за било каква средба со политичари на која било разговарано враќање на Никола Груевски. Од тука не сум имал никаква информација или снимка која би можел некому да ја проследам“, вака порача координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети откако пред три дена беше споменато неговото име околу наводна тајна средба во Вила Водно лани во март, на која велат дека наводно се „ковал“ план за враќањето на екс-премиерот Никола Груевски.

Тој ги демантираше тврдењата и побара извинување од сите телевизии и портали за изнесените клевети и навреди согласно чл.13 и чл. 14 од Законот за граѓанска одговорност од клевета и навреда, како би ја ублажиле, како што вели, штетата која веќе ми ја нанесовте и би го намалиле износот за надомест на штета.

-Нема да дозволам да ми се импутираат невистини и клевети дека сум поседувал и дистрибуирал на неовластено снимани комуникации кои сами по себе се кривично дело, стои меѓу другото во демантот на Беџети.

Пред три дена, владејачката коалиција ВЛЕН преку соопштение изнесе шокантни детали за тајна средба во Вила Водно на која, како што наведуваат, високи претставници на ДУИ и поранешниот државен врв договарале враќање на осудениот екс-премиер Никола Груевски од Будимпешта. Според соопштението, планот опфаќал две опции: помилување од претседателот Пендаровски или интервенции преку „нивни луѓе“ во судовите.

„Али, кој има толкава носталгија за Никола Груевски, кој им нанел зло на Албанците, предложи враќање на два начина: преку претседателско помилување или преку „нашите луѓе“ во судовите. Сепак, ова беше најпозитивниот дел од средбата, која успеал да ја сними вработен во администрацијата. Додека траела средбата, тој успеал да го сними телефонскиот разговор од кабината на преведувачот и на крајот истата снимка да му ја предаде на Блерим Ќосето Беџети. За да го спроведат својот план за ослободување на Груевски, Ахмети и ДУИ вршеа силен притисок врз Врховниот суд, но тука наидоа на отпор од претседателката на овој суд Беса Адеми, против која подоцна беше покрената иницијатива за разрешување, поради непослушност и неспроведување на наредбите“, рекоа од ВЛЕН.

Слични содржини