Беџети: И Албанците биле незадоволни од Охридскиот договор

од Nikola Popovski
134 прегледи

Договорите не се само за една страна. Од Рамковниот (Охридски) договор и Албанците биле незадоволни, како што биле и Македонците. Факт е дека кога склучуваш договор, а тој е и меѓународен, треба да се почитува, не може да се релативизира, изјави координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети во емисијата „Само вистина“.

Според пратеникот, без етнички баланс, ниту граѓаните не можат да бидат задоволни.

Запрашан за функционерите од ДУИ што се најдоа на американската црна листа, Беџети вели дека не се дел од партиските органи и тела на ДУИ.

-Господинот Мерко е градоначалник и тој одамна е повлечен од структурите на партијата. Претпоставувам како што вие го имавте Груевски едно време, Мијалков, трет, четврт…Не е дел од структурите. Вие поискусни сте, дури и претседател сте имале, му рече пратеникот на неговиот поранешен колега од Собранието, Илија Димовски со кого дебатираа во емисијата.

Слични содржини