Беџети: Меџити по напуштањето на ДУИ стана портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
82 прегледи

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт и член на ДУИ, Блерим Беџети ги негираше тврдењата на вицепремиерот Изет Меџити дека 3-4 пратеници ќе го напуштат Европскиот фронт и ќе се приклучат на коалицијата ВЛЕН. Во изјава за телевизијата „Шења“, Беџети дополнително побара од пратениците од албанската националност да се освестат, да се повлечат и да не ја поддржуваат политиката на Владата, која во принцип, според Беџети, е антиалбанска.

Во својата изјава, пратеникот додаде дека по напуштањето на ДУИ, Меџити станал портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој постојано изјавува дека тројца пратеници, двајца пратеници, лицитира со бројки бидејќи сигурно тргнува од принципот на себе, пресметува дека мора да му служи на некого и мисли дека и другите пратеници ќе се покорат и ќе ја играат неговата игра како што тој претпочита да ја нарече, бидејќи целиот овој процес го разбира како игра каде што ситуацијата е исклучително сериозна“, нагласи Беџети.

Според него, досега официјално како опозиција немаат коалиција ниту договор со крилото на Алијанса, предводено од Арбен Таравари. Беџети го повтори барањето на ДУИ за парламентарни избори заедно со локалните избори.

Слични содржини