Беџети за укинувањето на балансерот: Тежок ден за Албанците, срамот има име – ВЛЕН

од Nikola Popovski
58 прегледи

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети реагираше на социјалната мрежа Фејсбук по одлуката на Уставниот суд да го укине „балансерот“.

„Денеска е тежок ден за Албанците и сите други заедници во Македонија бидејќи правдата во земјава беше силно погодена со одлуката на Уставниот суд со укинувањето на „балансерот“ како алатка која овозможи правична и соодветна застапеност на Албанците во земјата.

Албанците од денеска ќе се чувствуваат како непретставени граѓани, благодарение на политиките на вазалите од ВЛЕН што ги имаме во владата кои ги слушаат наредбите на својот господар да ги омаловажуваат Албанците.

Срамот има ИМЕ – ВЛЕН“, објавил Беџети.

Вработувања по етнички клуч повеќе ќе нема. Услов за добивање на работно место во јавниот сектор ќе биде стручноста и компетентноста. Уставниот суд го укина „балансерот“. Одлуката е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно.

Претседателот на Судот, Дарко Костадиновски вели оти алатката ги крши уставните начела за слобода на изразување на националната припадност, достапноста до работно место и забрана за дискриминација. Смета дека не се прекршени ничии права и побара одлуката да не се политизира и етнизира. Според него, нечуено е да се тврди дека Уставниот суд посакува дестабилизација на државата.

Укинувањето на „балансерот“ следува откако на 18-ти септември Судот отвори предмет и ја замрзна неговата употреба се до носење на конечната одлука.

Слични содржини