БЕГ бара поскапување на парното за 300%, РЕК вели тоа не е решение

од Nikola Popovski

Балкан енерџи груп (БЕГ) побарал од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) зголемување на цената за 300 отсто и тоа од почетокот на наредната година. Од РКЕ велат дека нема да дозволат цената многу да се зголеми.

-Драстично зголемување на цената на парното не е решение. Во тој случај, со право, голем дел од скопјани би се исклучиле од парно и би се приклучиле на системот за електрична енергија. Тогаш би имале сериозни проблеми бидејќи дистрибутивната мрежа во деловите на Скопје, каде што има парно, не е подготвена да прими енормно зголемена потрошувачка, а ќе се влоши и состојбата во однос на набавката на електрична енергија, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат ТВ.

Согласно Правилникот за регулирање на цени за топлинска енергија и системски услуги донесен од стана на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Р.С.М, друштвата кои се носители на лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија имаат обврска, до РКЕ да достават податоци за трошоци за регулираниот период.

Слични содржини