БЕГ: Денес не беа создадени услови за пуштање на парното

од Nikola Popovski
444 прегледи

Можно е предвремено да почне грејната сезона во Скопје. Според правилникот, за тоа да се случи пред официјалниот старт на 15 октомври, потребно е средната дневна температура прогнозирана за наредниот ден да биде 12 степени.

Од БЕГ велат дека за ден 5.10.2021 година, не се создадени надворешни услови за производство и испорака на топлинска енергија до потрошувачите.

-Законските прописи предвидуваат дека грејната сезона може да започне од 1 октомври  доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 120С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот старт на грејната сезона, односно 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.

Во моментов во 152 колективни станбени објекти, кои се приклучени на системот за централно греење, сè уште не се отстранети пречките кои се во надлежност на потрошувачите и заедниците на станари за да може грејната сезона  да започне навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. Во околу 50 објекти не е обезбедено напојување на топлинската станица со електрична енергија, во 12 не е обезбеден пристап на службените лица до топлинската станица а во 90 не се отстранети дефектите во внатрешната грејна инсталација или истото не е пријавено во Центар за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан Енерџи, стои во соопштението од таму.

Тие додаваат дека снабдување со топлина Балкан Енерџи постојано контактира со потрошувачите и Заедниците на станари за отстранување на пречките, со цел грејната сезона да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. Затоа во изминатиот период над 1100 потрошувачи се телефонски контактирани и испратени се повеќе од 400 писмени ивестувања до потрошувачите и до Заедниците на станари.

Слични содржини