БЕГ до РКЕ: Субвенцијата на потрошувачите е на товар на компанијата

од Nikola Popovski
252 прегледи

БЕГ се огласи со соопштение после денешната изјава на првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски. Од таму информираат дека одлуката на Владата за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите.

-Сакаме да истакнеме дека редовна пракса е фактурите во месеците кога не се испорачува топлинска енергија да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец, а рокот за плаќање на истите како и секогаш е на 21-виот ден во следниот месец, велат од БЕГ и додаваат:

-Jа информираме јавноста дека субвенциите кои БЕГ Снабдување ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија во месец февруари, март и април 2022 година во висина од 99,6 милиони денари согласно Одлуката на Владата сеуште не се исплатени, односно субвенцијата на потрошувачите на топлинска енергија до овој момент е на товар на компанијата, реагираат од БЕГ.

РКЕ денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август.

„Изминатите два дена голем број на граѓани до РКЕ поднесуваат поплаки за 40 отсто поголеми сметки. Во нив не е вкалкулирана субвенцијата која ја дава Владата и од тие причини имаме зголемени сметки. Со цел да се избегне непријатната субвенција, РКЕ бара БЕГ да испрати нови сметки со вкалкулираната субвенција“, рече Бислимоски.

Слични содржини