БЕГ и ЕВН не се во државна сопственост, не можеме да ги субвенционираме директно, вели Бектеши

од Vladimir Zorba
502 прегледи

„БЕГ и ЕВН не се во државна сопственост, не можеме да ги субвенционираме директно, ние можеме да создадме услови тие да добијат пари преку кредити од Европската банка за развој, но исклучиво со банкарска гаранција, за да бидеме сигурни дека утре тие средства ќе се вратат. Без никаква гранција дека тие пари ќе се вратат никој нема да дозволи финансиска помош.“- изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, на телевизија 24.

„Во член 151 во Законот за енергетика обврска на единиците на локална самоуправа е дека учествуваат во снабдувањето на топлинска енергија. Ние имаме 120 милиони евра за соочување со енергетската криза и имаме механизам да помогнеме да се вратат долговите на државните институции или локалните институции. Мораме да помогнеме за да го ублажиме ударот.“- дополни Бектеши.

Слични содржини