БЕГ ќе испорачува топлинска енергија додека не се избере нов оператор

од Nikola Popovski
230 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска информира дека согласно Законот за енергетика, иако нема лиценца, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија, додека не се избере нов оператор.

-Денеска на седница на Владата е информацијата од РКЕ и Министерството за економија во однос на повикот. Тој ќе биде како што доликува, отворен и со можност да се пријават сите раазлични економски оператори. Имаме намера ЕСМ преку своите инструменти да аплицира на повикот и се надевам дека наскоро ќе добиеме избор и граѓаните ќе добијат топлинска енергија, како што обезбедивме и минатата година. Дотогаш, БЕГ ќе треба соодветно да си ја извршува дејноста, рече Битиќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Слични содржини