БЕГ не се откажува од наплатата на паушалот и покрај одлуката на Управен

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Дистрибутерот на топлинска енергија „Балкан енерџи груп“ не се откажува од наплатата на паушалот кај исклучените од парно греење иако Управниот суд пресуди дека оваа компанија и „АД Топлификација“ неовластено прибирале лични податоци од станарите за да наплаќаат паушал.

25-4-
БЕГ негира дека станува збор за злоупотреба. Од таму објаснуваат дека личните податоци на станарите ги добиваат преку инвеститорот на зградата. Од компанијата се повикуваат и на правилникот на Регулаторна комисија за енергетика според кој, стан во колективна зграда која се грее, а е исклучен, се задолжува со фиксен надоместок.

Се додека е на сила оваа важечка регулатива ние и да сакаме не смееме да не ја применуваме, затоа што во сприотивно ние ќе генерираме загуби за тој неостварен приход. Сосем е јасно дека нема да го стопираме доставувањето на сметки до овие потрошувачи, а сите оние кои нема да ги платат по претходно опоменување ќе бидат тужени и ќе им биде наплатено во процесна постапка преку нотари, адвокати и извршители во неколку кратен износ повеке отколку што е самата фактура.

Управниот суд, донесе одлука според која двете компании не смееле да прибираат податоци за граѓани кои никогаш не биле вклучени на системот на парно греење. Со пресудата се утврдува дека не постои обврска граѓанинот да плаќа надоместок за ангажирана моќност. Од „БЕГ“ не сакаат да ја коментираат судската одлука. Во меѓувреме „ЕЛЕМ Енергетика“ кој снабдува со парно греење пет населби во источно Скопје, не наплаќа паушал од исклучените.