Бегалците тргнаа со авиони кон Босна и Херцеговина

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Во последните денови во Босна и Херцеговина пристигнуваат сириски бегалци со авиони. Тие се приземјуваат на аеродромот во Сараево со целосно редовни документи, вклучувајќи и  валидни туристички визи и ваучери за хотели.

4434048

Веднаш по пристигнувањето мигрантите не се сместуваат во хотелот, за кој платиле, туку се упатуваат  кон една од соседните држави – Србија. Првите десет лица пристигнаа во вторникот со лет од Истанбул – девет Сиријци и еден државјанин на Сомалија. Мигрантите добиле редовни визи од амбасадата на Босна и Херцеговина во Абу Даби, откако дале ваучер од хотел од Сараево. Сите тие директно од аеродромот тргнаа кон граничниот премин Мали Зворник со соседна Србија, објави Изет Низам, директор на Дирекцијата за странци во Министерството за безбедност. “Тие сакаа да заминат за Србија и ние ги информиравме властите во Србија за тоа”, рече тој. Од Дирекцијата за странци во Сараево признаваат дека има злоупотреба на хотелски ваучери при издавањето на босански визи. “Ние се запрашуваме – Кој гарантира дека некаде не постои некаква печатница за ваучери и писма со покани”, рече уште Изет Низам. Според него, ако дојде до затворање на границата во Хрватска тогаш сосема логично е да се очекува бегалците да ја стартуваат  Босна и Херцеговина.