Македонската полиција засега не пропушта бегалци кои доаѓаат од грчка страна на македонска територија-јави РСЕ. Според полицијата, бегалци не се пропуштаат поради тоа што преминот не се обезбедува од грчката полиција.

Во Идомени во моментов се наоѓаат околу 8.000 бегалци кои чекаат да ја преминат границата за да го продолжат својот пат до некоја од западно-европските земји.Тие денеска со мирен протест и пеејќи песни побараа да им се овозможи да ја преминат грчко-македонската граница. Велат дека нивната порака е оти сакаат само да ја преминат границата, не сакаат ништо друго од Македонија, туку само да го продолжат својот пат понатаму.
Повеќе ТУКА