„Бехтел и Енка“ денеска почнува со изградбата на Коридор 8

од Nikola Popovski
357 прегледи

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ денеска почнува со градежни работи за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани, со што ќе биде означен стартот на теренските работи од изградбата на Коридорот 8, потврдуваат од Министерството за транспорт и врски. Како што појаснуваат, на терен покрај најавените геомеханички истражувања, ќе се врши минирање и изградба на пристапни патишта.

Церемонијата ќе биде утре со почеток во 15:00 часот блиску селото Горна Бањица меѓу Гостивар и Кичево, каде што ќе се изврши првото минирање, а стартот на работите ќе го означат првиот вицепремиер и координатор на проектот, Артан Груби, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

Со Договорот што го потпиша Владата со „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на делниците: автопат Гостивар – Букојчани, автопат Требениште – Струга – Ќафасан, автопат Прилеп – Битола и трета лента на автопатот Тетово – Гостивар. За изградбата на овие автопати беше донесен закон во Собранието и не беше спроведен тендер.

Договорот со конзорциумот за надзор, предводен од италијанската компанија „ИРД инженеринг“, беше потпишан на 2 февруари годинава од Ејуп Рустеми, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и е во вредност од 22,6 милиони евра. Покрај “ИРД инженеринг“ и „Евро консалтинг“, во конзорциумот се и „Електра солушн“ и „Ептиса“.

Слични содржини