Бејл и Иско главни кандидати за заминување од Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Реал Мадрид нема намера да ги продолжи договорите со Герет Бејл и Иско, а и двајцата истекуваат на крајот од сезоната. Затоа се главни кандидати за заминување од Реал веќе во зимскиот преоден рок, објавија шпанските медиуми.

Исто така, слична е ситуацијата и со левиот бек Марсело, чиј договор исто така истекува во јуни. Тој имаше скромна минутажа оваа сезона и Реал е подготвен да ја почитува неговата одлука во однос на иднината, каква и да е таа.

Маријано Дијаз, Лука Јовиќ и Еден Азар се во плановите на тренерот Карло Анчелоти, но Реал е отворен за преговори со секој клуб заинтересиран за нивните услуги во јануари. Така беше во последните две години и со Алвардо Одриозола и Мартин Одегард.

Слични содржини