Првиот интегративец Али Ахмети, денеска се сретна со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Размениле мислења за последните случувањата во правец на спроведувањето на Договорот од Пржино за крај на кризата, но и за евроатланската интеграција и предизвиците со верскиот екстремизам и учеството во странски конфликти како и американските инвестиции во Македонија.
„НЕ рату Не у НАТО“- Околу 2.000 Црногорци протестираа против приклучувањето на земјата кон НАТО
„Главните и најчувствителните делови на договорот веќе се спроведени и партиите не смеат да поставуваат пречки и да бараат разни изговори за да го попречуваат целосното спроведување на обврските, туку да придонесат за надминување на пречките веднаш. Ахмети ја потврди итноста за враќање кон нашата заедничка политичка и општествена агенда за решавање на прашањето за името, како единствена пречка за членството на Македонија во НАТО. Евроатланскиот процес е апсолутен геостратешки приоритет и нема друга алтернатива за Македонија. Ахмети, исто така, ја изрази својата загриженост за проширување на странски идеологии во земјава и во регионот и изрази уверување дека граѓаните ги одбиваат овие обиди да се инсталираат странски убедувања во нашата култура и традиција“ пшува во соопштението од ДУИ.
